И СМРТ НЕМА ДА ИМА ВЕЌЕ, НИ ТАГА, НИ ПЛАЧ, НИТУ БОЛКА, ЗАШТО ПРВОТО ПОМИНА

И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море немаше веќе.
Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град – Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж.
И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив, и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.

И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”
И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот.
Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.

А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.

:: Извадок од Светото Писмо – Библијата
:: Книга: Откровение, глава 21, стихови 1 – 8

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *