Гордоста е најголем непријател на човекот!

Си бил еден лист. Ветрот го скинал и тој полетал, носен од ветрот. Едно врапче, штотуку изведено, го запрашало:

– Ти зошто падна од дрвото?

– Не паднав, само ми здосади да стојам таму.

– А каде леташ?

– Каде си сакам, таму летам.

Мораме да признаеме дека тоа бил премногу горд и надуен лист, за да си признае дека не умее да лета и целосно подреден на надворешните стихии …

Кога ветрот стивнал, листот паднал во реката и почнал да се носи по течението.

– А сега зошто падна и каде пливаш? – запрашало врапчето.

– Јас не паднав – се навредил листот – само ми здосади да летам и побарав да се спуштам, а каде – каде  сакам: јас сум слободен лист и си правам тоа што сакам.

– А зошто не пливаш во другата насока?

– Колку пати да ти објаснувам – штом не пливам наваму, значи не сакам; правам само што сакам.

По неколку дена врапчето се научило веќе да лета малку и го видел пак листот, но тој бил сосема пожолтен.

– Зошто си така пожолтен? – прашало тоа. – Што ти се случило?

– Никој ништо не ми направил, само сакав да ја променам бојата и тоа го направив.

Врапчето поверувало на листот и оттогаш почнало да ги смета лисјата за високи суштества, бидејќи не може да  разбере како може да се лета без крила, да се плива без раце и нозе, а уште помалку по желба да се менува бојата.

Но настапила есен и се почесто листови се откинале, но врапчето никогаш не видело ниту едно да лета спроти ветрот, а кога паѓале во реката, никогаш не се носеле спроти струјата. И никогаш не видело лист кој  останал зелен.

Врапчето пораснало и го променило ставот кон листовите кои живеат со илузијата дека управуваат својот живот. А за себе одлучил дека е подобро да си признае дека ветрот може да го издува и да го промени зацртаниот пат, но да има можност да му се спротивстави, отколку да зборува дека не е потчинет на ветрот и лета, каде сака кога ветрот го носи во спротивна насока.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *