Нутриционистката Синтија Сас, популарна по пијалокот за слабеење – водата Саси, ги здружи силите со фитнес тренерот и нутриционист Лиз Вакариело и смислија диета која брзо ги топи килограмите. Диетата се базира на специфичната вода Саси, која се пие во комбинација со диетно мени искреирано за 28 дена. Оваа комбинација, тврдат нутриционистите, е добитна и гарантира брзо топење на салото и брзо постигнување на тенок струк.
Состојки:
• 8 чаши вода
• една лажичка рендан корен од ѓумбир
• една излупена краставица, исецкана на кришки
• еден лимон, исецкан на кришки
• 12 листови нане
Подготовка:
Измешајте ги наведените состојки со вода и оставете ја мешавината да отстои преку ноќ. Вака подготвениот напиток консумирајте го во текот на целиот ден.
Со помош на овој напиток, заедно со умерената исхрана, малите оброци како и редовната физичка активност, Вашиот струк ќе биде потенок, а вишокот килограми ќе исчезнат.