Бог не ветил дека никогаш нема да бидете повредени, но Тој ветил дека ќе ве исцели!

Дали изградивте ѕид околу себе и си велите: „Никој не може да ме повреди ако не дозволам да ми се приближат“. Ѕидот што го изградивте можеби не функционира многу, туку напротив само ве заробува.

Господ сака да биде ваш заштитник, но Тој не може да биде тоа, ако сте зафатени со заштитување.

Бог не вети дека никогаш нема да бидете повредени, но вети дека ќе ве лекува. Ако дојдете кај Него, не обидувајте се да се грижите за себе.

Ако сте изградиле ѕид околу себе од страв, тогаш мора да го срушите со вера.

Оди кај Исус со сите стари рани и прими го заздравувањето. Ако некој ве повреди, не дозволувајте да загнои! Наместо тоа, доведете го кај Господа со молитва и подгответе се да се справите со него на Божји начин, наместо на свој.

Вие не само што ќе ја преживеете својата несреќа, ќе бидете посилни низ сè и ќе можете да им служите на другите. „Фала му е на Бога и на Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на милосрдието и Бог на секаква утеха што нè утешува во сите наши маки, така што со секаква утеха, што самиот Бог нè утешува, можеме да ги утешиме оние што се во неволја“. (2 Кор. 1: 1-4)

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *