9 грешки во исхраната, кои придонесуваат кон нашето дебелеење!

Дебелината е една од најзастапените здравствени состојки и сите ние сакаме да ја избегнеме. Доколку сте качиле неколку несакани килограми, желбата веднаш да ги изгубите понекогаш може да ве натера да направите грешки.

Во нашата преголема желба, што доведува и до нервоза, а и заради сите дезинформации што го преплавуваат Интернетот, постои голема можност дека не сме свесни дека  правиме грешки односно практикуваме погрешни вежби или консумираме погрешни работи.

Денес ви откривмае кои се најчестите грешки во исхраната, кои повеќето од нас ги практикуваат, а кои придонесуваат кон нашето дебелеење:

1. Мислиме дека сите калории се еднакви

Сите калории не се еднакви, има добри и има и лоши. Калориите што ги внесувате кога јадете зеленчук се добри, додека калориите што ги внесувате кога јадете голем хамбургер се лоши. Ова е затоа што количината на инсулин ослободен од телото зависи повеќе од видот на калории што ги трошите, отколку количината на истите.

2. Избираме само производи со ниски масти

Преработената храна со малку маснотии или т.н „диеталнаа“ често се смета за идеален избор кога станува збор за губење на тежината, но тоа не секогаш мора да биде вистина. Многу од овие таканаречени здрави производи на храна често содржат многу шеќер, за подобрување на нивниот вкус.

Затоа, наместо да ве заситува, храната со малку маснотии веројатно ќе ве направи гладни, и можеби на крај ќе изедете уште повеќе од планираното. Поздраво е да се избере комбинација на хранливи, минимално преработени прехранбени производи наместо производите означени како диетални.

3. Не внесуваме доволно протеини

Протеинот е единствената најважна хранлива материја која ви е потебна, доколку се стремите кон слабеење. Исхраната со протеини го подобрува метаболизмот, го намалува апетитот и позитивно влијае на неколку хормони што ја регулираат тежината. Исто така, помага да се заштити мускулната маса за време на губење на тежината. Едно истражување открива дека диетата што содржи доволно количество протеини, може да помогне при контрола на апетитот и да го подобри општото здравје на нашето тело.

4. Недостаток од хранливи влакна при исхраната

Додавањето доволно хранливи влакна во вашиот оброк може да помогне во намалувањето на апетитот со тоа што ќе ве направи сити. Хранливите влакна, исто така, помагаат при губење на тежината со тоа што телото апсорбира помалку калории при консумирањето други видови на храна. Истражувањата покажуваат дека удвојувањето на дневниот внес на хранливи влакна може да резултира со апсорпција на 130 помалку калории. Можете да додадете хранливи влакна во вашата исхрана со правење мали промени, како префрлување од бел на црн леб од цели зрна.

5. Јадеме пречесто, иако не сме гладни

Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабнат, најчест пркатикуваат консумирање мали, но повеќе порции во текот на денот,  доколку сакаме да изгубиме тежина, наместо да имаат 3 големи оброци. Сепак, тоа не е најправилно. Јадењето кога сте гладни и само кога сте гладни е клучот за губење на тежината. Ова е затоа што честото консумирање, дури и ако јадете помалку, незнаејќи може да доведе до внес на премногу калории што се консумираат во текот на денот.

6. Го следиме советот никогаш да не го прескокнуваме појадокот

Друг совет што честопати го слушаме е никогаш да не го прескокнуваме појадокот, без притоа да го земеме предвид нашиот апетит. Овој совет исто така не е сосема правилен. Едно истражување покажа дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот консумираат повеќе калории за врмее на ручекот, во споредба со оние кои појадуваат. Меѓутоа, кога на крајот од денот беа пресметани сите вкупно внесени калории, резултатот беше дека луѓето кои не појадувале, всушност консумирале во просек 408 помалку калории, од оние кои појадувале.

7. Консумираме купечки овошни сокови

Луѓето кои се стремат кон слабеење претежно престануваат да пијат безалкохолни пијалоци и други засладени пијалоци. Но, тие често забораваат на спакуваните овошни сокови. Дури и 100% овошен сок е преполн со доволно шеќер за да ви го отежнат вашето слабеење.

8. Консумираме преработена, наместо непреработена храна

Најголемиот виновник за нашето дебелеење е високо преработената храна. Истражувањата сугерираат дека преработената храна најмногу придонесува за зголемување на телесната тежина. Најдоброто нешто што треба да направите, доколку се грижите за вашето здравје, е секогаш да избирате да консумирате непреработена храна.

9. Јадеме премногу и не консумираме свежо овошје

Последно, но не и најмалку важно, консумирањето премногу храна и не вклучувањето свежо овошје во вашата диета, исто така, може да ги направи вашите соништа за слабеење да останат тоа- соништа. Најдобрите овошја за слабеење се лубеницата, крушите, јаболката и грејпфрутите.

Додека купувате, се препорачува да купувате само прехранбени производи што знаете дека можете да ги јадете додека се сè уште свежи. Непотребното предолго складирање на храната во фрижидер може да предизвика да јадете повеќе отколку што првично планиравте.

извор:нане.мк

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *