НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖАВ- Сторија на Филип Ристовски

Јунакот кој животот му беше на конец  не знае да запре !

Минатото неможеме да го промениме но треба да ја гледаме и сегашноста и иднината што е пред нас – вели тој.

Многу често влегуваме во некоја рутина за која мислиме дека нема излез и спас. Се навикнуваме и приспособуваме на работите за кои мислиме дека се безбедни и правилни. Така и ова младо момче остави се зад себе и тргна по атлетските патеки и фудбалски терени.

Како и секоја година се организира Beach Run во повеќе градови од кој прв град беше нашето, нашето љубовно Скопје. Со малку работа на нашата продукција видовме дека на стартната листа го има токму него, тој и што ни треба – Филип Ристовски. Во неколку гостувања во емисии и самиот кажа дека сака да помине повеќе километри во трчањето и тоа полека но сигурно го остварува, а со фудбалот нашата продукција дознава дека има нешто ново што е мала тајна која ке ви ја откриеме.

Тој моментално е вработен и не сака да си ја остави работата но вели дека ако има понуда да заигра за некој фудбалски клуб зошто да не. Тоа е мојот неостварен сон кој се надевам за кратко ке се оствари.

Нашата продукција разговараше со неколку македонски фудбалски клубови но посебно заинтересиран клуб за него е фудбалскиот клуб ФК Локомотива кој се натпреварува во третата фудбалска лига – Север.

Преостанува само да видиме дали на нашиот јунак Филип Ристовски ке му биде остварен сонот.

Нашата продукција му посакува многу среќа во атлетиката и се надеваме дека неговиот сон ќе се оствари.

Автор:

Продукција

Заедно можеме повеќе

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *