Она што сте го направиле, ќе ви се врати: Доброто секогаш го наоѓа својот пат!

Во почетокот на дваесеттиот век, еден селанец се враќал дома од нивата. Поминувајќи покрај една бара, наеднаш чул повик за помош. Селанецот потрчал по тој глас и здогледал момче како беспомошно глибе во тлото на барата. Човекот нашол некоја гранка и му помогнал на детето да излезе на суво. Момчето уште треперело и плачело кога излегло надвор.

„Дојди кај мене дома. Мора да се згрееш и да се смириш,“рекол селанецот.

„Не можам, татко ми ме чека. Веројатно е многу загрижен,“рекло момчето и истрчало.

Утрото селанецот видел два чистокрвни коња со кочија како приоѓаат кон неговата куќа. Добро облечен господин излезе од кочијата:
„Дали вие вчера го спасивте мојот син?“

„Да, јас,“ одговорил селанинотт.

„Колку ти должам?“

„Немојте да ме вреѓате, господине. Ништо не ми должите. Го направив она што скеоја нормална личност би го направила!“

„Не, не можам така, бидејќи тоа е мој син. Кажи ми брзо кој износ!“

„Не сакам да зборувам повеќе за тоа – збогум!,“ селанецот се свртел и си заминал. А тогаш неговиот син истрчал од куќата.

„Ова е твојот син?“ прашал гостинот.

„Да,“гордо рекол селанецот, галејќи го детето по главаi.

„Ајде да направиме вака: ќе го одведам твојот син во град и ќе платам за неговото образование. Доколку е племенит како неговиот татко,тогаш ни ти ни јас нема да зажалиме поради своите одлуки.“

Поминале неколку години. Синот на селанинот завршил средно училиште, потоа медицински универзитет, и набрзо неговото име станало светски познато. Тоа момче се викало Александар Флеминг – човекот задолжен за пеницилинот.

Пред војната, синот на тој господин влегол во една лондонска клиника со најтешкиот облик на воспаление на белите дробови. Што мислите, што му го спасило овој пат животот? Да, пеницилинот кој го открил Александар Флеминг.

Името на господинот кој го платил образованието на Флеминг било Randolf Čerčil. Негов син бил Vinsent Čerčil, кој подоцна станал премиер на Англија.

Може точно на овие настани се сетил Винстон Черчил кога рекол:

„Она што сте го направиле, ќе ви се врати!“

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *