🌊🌊🌊Шумот на морето мелем за целиот организам…За телото и душата…
🌊🌊🌊Морето ни го менува хемискиот состав, затоа што хормоните се лачат поинаку, се опуштаме, срцето се забавува, расположението драстично се подобрува…
🌊🌊🌊Топлината што ја чувствуваме на плажа влијае на нашиот ендокрин систем и ослободува ендорфини – поради кои се чувствуваме среќни.
🌊🌊🌊Влијанието на морето врз човечкиот организам, неговиот шум го стимулира фронталниот кортекс на мозокот кој е одговорен за нашите емоции и само-рефлексија.
🌊🌊🌊Звукот на морето благотворно делува врз нашите емоции и ја зајакнува нашата самодоверба. И што е најважно – го намалува нивото на хормонот на стрес во организмот.
🌊🌊🌊Површината на морето која хоризонтот се спојува со небото, во нас буди чувство на спокојство.
🌊🌊🌊Се оддалечуваме од она што нè оптеретува и го обновува организмот.
Нутриционист: Валентина Глигорова