Кокосово масло за нега, убавина и здравје!

кНаједноставно кажано, кокосовото масло е едно од најздравите масла кое може да се употребува во исхраната, најбезбедниот козметички производ на пазарот, и задолжителен дел од сечие шкафче со лекови.

Составено е од околу 50% лауринска киселина, а истата таа киселина се наоѓа и во мајчиното млеко, кое всушност претставува единствен друг познат добар извор на лауринска киселина. Ова е состојката која што му дава на кокосовото масло неверојатни антивирусни, антигабични и антибактериски својства, и е корисна како за внатрешна, така и за надворешна употреба.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

Многу истражувања покажале дека конзумирањето кокосово масло може да му помогне на нашето тело да изгради отпорност кон вируси (кои предизвикуваат грип, сипаници, хепатит, херпес) и бактерии (одговорни за чирови, инфекции во грлото, инфекции на уринарниот тракт, пневмонија и гонореја), како и габични инфекции и кандида. Тоа исто така позитивно влијае врз контролирањето на тироидната жлезда и шеќерот во крвта.

Кокосовото масло содржи здрава форма на заситени масти, што значи неговото конзумирање помага во забрзување на метаболизмот. И не само што не се претвора во масти, туку со покренување на метаболизмот му овозможува на телото да согорува повеќе масти, истовремено давајќи му повеќе енергија (гориво и за мозокот и за мускулите) и поголема издржливост. Сето ова резултира и со губење на вишокот килограми и одржување на здрава и избалансирана тежина.

За разлика од другите растителни масла, кокосовото масло содржи незаситени масти кои се всушност здрави и помагаат во спречување на разни срцеви болести како и регулирање нахолестеролот.

Во случај на надворешни инфекции, посекотини и изгореници, со нанесување на кокосово масло на местото овозможувате заштита од надворешни влијанија и регенереација на оштетеното ткиво.

Други здравствени придобивки за кои што се верува дека се резултат на употребата на кокосовото масло се: спречување на таложењето на маснотиите црниот дроб, спречување на болести на бубрезите и жолчката, како и растворање на камења и песок во нив, лекување на панкреатитис,ослободување од стрес и ментален замор, контролирање на шеќерот во крвта, подобрување на лачењето инсулин, и спречување и третирање дијабетис, подобрување на способноста на телото да ги апсорбира важните минерали, вклучувајќи калциум и магнезиум, со што е корисно во случаи на остеопороза и помага во одржување силни и здрави заби, а со зголемување на енергијата и издржливоста влијае на подобри перформанси кај спортистите.

МАСАЖА И НЕГА НА КОЖАТА

Кокосовото масло дејствува како ефективна крема за сите типови на кожа, вклучувајќи и сува и распукана кожа. Тоа го забавува појавувањето на брчки и опуштање на кожата, како и предвремено стареење, а помага и во лекување на разни кожни болести, вклучувајќи псоријазадерматитегзема и други кожни инфекции.

ПОТХРАНУВАЊЕ НА КОСАТА

Кокосовото масло е еден од најдобрите природни нутриенти за косата. Тоа помага за здрав растна косата, и ја регенерира сувата и оштетена коса, притоа овозможувајќи и подобра заштита и давајќи и посебен сјај. Редовната масажа на скалпот со масло од кокос помага при ослободување од првут.

УПОТРЕБА ВО ИСХРАНАТА

За разлика од другите масла, кокосовото масло има висока точка на топење (околу 24-25 С степени), поради што е во цврста состојба кога е на собна температура, и нема потреба да се чува во фрижидер. Пред употреба доволно е да ја ставите тегличката со кокосово масло неколку минути во сад со топла вода (или пак на сонце или на парно) и тврдата смеса ќе почне да се топи.

Вака растопеното масло може да се додаде во смуди или милкшејк, и во било кое друго јадење, а јас најчесто го користам во моите живи десерти! Тоа е една од трите основни состојки на суровото чоколадо (покрај какаото и засладувачот) и токму тоа му ја дава цврстината на чоколадото за да може да го обликувате како сакате. Исто така тоа е главната „финта“ во припремање на сите кремови за живи торти и колачи (за разлика од употребата на јајца и маргарин во традиционалната кујна), и тоа е состојката што ги држи кремовите „стегнати“.

Сето ова не значи дека целосно треба да се преориентирате кон користење само на вакво масло, бидејќи на тој начин ќе ги пропуштите придобивките од останатите масла.

За целосно да ги уживате придобивките од употребата на кокосово масло, изберете масло од органско потекло кое е ладно цедено, нерафинирано, нехидрогенизирано, небелено и произведено без додатни хемикалии. Природното кокосово масло со добар квалитет во течна состојба треба да е проѕирно, а во стврдната форма да е со снежно-бели кристали.

surovoivkusno.com

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *