Студена вода за време на оброкот – да или не?!

Мнозина грешат пиејќи студена вода со своите оброци.

Земена за време на оброкот, водата го намалува лачењето на плунката, а колку е водата постудена, толку е поштетна за желудникот.

Водата или лимонадата со мраз земена за време на оброкот ќе го запре варењето на храната се додека организмот повторно не постигне доволно топлина за да продолжи со својата работа. Јадете полека и дозволете и на плунката да се измеша со храната.

Image result for water during meal

Колку повеќе течност ќе внесете во желудникот заедно со храната, толку нему ќе му биде потешко да ја преработи, бидејќи ќе мора прво да се апсорбира течноста. Не јадете многу сол, кисело или луто и дразбата да се напиете нешто ќе исчезне. Но доколку сепак ви треба нешто да ја изгасите жедта, чистата вода, пиена малку пред или по оброкот, е се што и треба на природата. Ништо не може да ја замени водата…ни кафето, ни чајот ни алкохолните пијалоци…Водата е најдобрата можна течност за чистење на ткивата.

Извадок од книгата “Совети за животот и исхраната“

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *