Ако го слушате гласот Божји ќе добиете вакви благослови!

„Ако навистина го послушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги и вршејќи ги сите негови заповеди што ти ги наредувам денес, Господ, твојот Бог, ќе те возвиши над сите народи на земјата.

Сите овие благослови ќе слезат над тебе и ќе те стигнат ако го слушаш гласот на Господа, својот Бог.

Благословен ќе бидеш во градот, благословен во полето. Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, родот на твојата земја, плодот на твојот добиток: рожбите на твоите говеда и на твоите стада.

Благословен ќе биде твојот кош, и твоите ноќви.

Благословен ќе бидеш кога ќе влегуваш, благословен кога ќе излегуваш.

Твоите непријатели, кои ќе се кренат против тебе, Господ ќе ги положи пред тебе поразени; по еден пат ќе излезат против тебе, а по седум патишта ќе се разбегаат пред тебе.

Господ ќе нареди благословот да биде со тебе во твоите житници и во секој потфат на твојата рака, и ќе те благословуваат во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава, Господ ќе направи од тебе народ посветен на Себеси, како што ти се заколна, ако ги пазиш заповедите на Господа, својот Бог, и ако одиш по неговите патишта. Сите народи на земјата ќе видат дека се наречуваш со Господовото име, па ќе стравуваат од тебе.

Господ ќе те опсипе со изобилни блага: со пород на твојата утроба, со прираст на твојот добиток и со родот на твојата почва во земјата, за која Господ им се заколна на твоите татковци дека ќе ти ја даде.

Господ ќе ти ја отвори Својата богата ризница – небото – за да дава дожд во твојата земја во право време и да го благослови секој потфат на твоите раце.

Ќе им даваш на заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем.

Господ ќе те држи на чело, а не на задното место; секогаш ќе бидеш на врвот, никогаш на дното, ако ги слушаш заповедите на Господа, својот Бог, што ти ги наредувам денес за да ги држиш и вршиш.

Немој да отстапуваш ниту од еден збор што ви го наложувам денес – ни десно ни лево, одејќи по други богови и искажувајќи им почитување.”
ВтЗакон. (5 Moj.) 28:1‭-‬14

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *