И среќата повеќе не е иста за сите..!

ЗА СРЕЌАТА Пет букви, во секоја од нив содржано нешто, што го држи човека на нозе, што му дава сила да опстојува, нешто налик на душевна храна, која на сите нас ни е потребна.

.Но дали ја имаме во доволни количини ?/..Дали ??

Не знам, и не можам да разберам зошто среќата не е за сите подеднаква, зошто во животот се започна да се мери, да се искажува со бројки.. Ја заменија, со игри на компјутер, со седенки во кафулињата, со вечерни излегувања и пијанки секој ден…

Гледам млади дами качени на штикли, едвај се држат на нозе, момчиња во полусвесна состојба, си пијат, секој за себе..

Гледам родители седнати на аглите од каучот со телефоните в раце, секој во својот виртуелен свет..

Гледам мали деца оставени сами на себе, до послепладне во градинка а потоа на компјутер… Гледам жени кои со часови се на фризер, и скршениот надграден нокт им е колатерална штета..

Гледам ликови за кои мислев дека ги знам, сега се случајни минувачи, со едно ..ЗДРАВО.. Гледам и не можам да останам рамнодушна, зинувам во чудо…

Гледам се, но не ја гледам среќата, таа згаснала на повеќе лица, заминала на некое поубаво место, каде сеуште ја има љубовта, човечноста, здравјето и убавината на човека..

Автор: ОЛИВЕРА ШИРГОВСКА

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *