МОНИКА БЕЛУЧИ: За мене да старееш значи – да станеш подобар!

Првото дете го родив на 40, второто на 45 и никогаш не би сакала повторно да имам 20 години

Во младоста имате убавина која не ја разбирате, која не сте ја спознале. Но кога ќе имате 50, во вас се раѓа друг вид на убавина, убавина која ви дава сила.Таа сила не е поврзана со надворешната убавина.

– Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо освен убавина.

– Ништо не ни припаѓа нам: ни нашите сопрузи, ни децата. Ние можеме само да споделиме чувства, емоции со луѓето кои ги сакаме.

– За мене, стареењето значи – да станеш подобар!

– Луѓето можат да му простат на човек многу работи, дури и талентот, но убавината и успехот – никогаш!

– Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика во огледалото нема повеќе да ме радува? Истото, што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себе си во огледалото – ќе гледам во своите деца.

– Јас секогаш им велам на младите девојки: „Научете се да го сакате своето тело! “Бидејќи совршенство не постои, и сосема е очигледно дека жената со облини не е  помалку убава од витките девојки. Едноставно, треба да се прифатите себе си, такви какви што сте.,

– Но на сите ни се потребни илузии, и затоа понекогаш гледаме филмови.

– За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, бидејќи во тој период ние тукушто се спознаваме себе си, се обидуваме да дознаеме што сакаме да бидеме, страдаме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно и без што можам да живеам.

– Да бидете убави на  20 години- тоа е природно. Кога сте убави на 35 или 45 – тоа е резултат на работата на себе и внатрешната среќа.

–По мое мислење глупо е со својата младост и убавина да стенете спонзоруши на некој со длабок џеб и да го трошите времето на журки. Убавината ни е потребна како помош да пронајдеме хармонија, љубов и смисла во овој хаотичен свет.

– Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри.

– Убавината е поекспресивна и поинтересна кога е покриена со облека.
– Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.

позитиванстав.ком

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *