Секој споделен благослов ќе ти се врати тебе! Еве доказ за тоа….

Еден трговец на мешана роба со голема мака отишол кај еден учител да му каже дека наспроти неговиот дуќан е отворен голем супермаркет кој може да ја уништи неговата работа.

Неговото семејство со векови го поседувал тој бизнис и ако го изгуби, би било негов пропаст, бидејќи не знае ништо друго да работи.

Учителот му одговорил: “Доколку би се плашел од сопственикот на супермаркетот, ќе го мразиш. Омразата би била твоја пропаст.“

“Што треба да направам?“ прашал вознемирено трговецот.

“Секое утро излези пред дуќанот, благослови го и посакај му што подобро да работи. Потоа сврти се спрема супермаркетот и благослови го и него.“

“Што?! Да го благословам својот конкурент кој ќе ме уништи?“

“Секој благослов кој ќе го споделиш, ќе ти се врати на тебе. Секое зло кое ќе му го посакаш нему, тебе ќе те уништи.“

По шест месеци трговецот се вратил да го извести учителот дека морал да го затвори својот дуќан, баш како што се плашел но дека сега е сопственик на супермаркетот и дека неговата работа цвета повеќе од порано.

 Се додека во нашите сопствени срца негуваме негативни чувства спрема другите, не можеме самите да напредуваме.

 

новиживот.нет

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *