Јас те родив тебе, а не ти мене!

Ги набљудувам младите родители по парковите. И ми паѓа жал. Гледам дека се нервозни, фрустрирани, не можат да го совладаат сопственото дете од 4 години. Трчаат по нив со чиниите и ги хранат во чекор, затоа што само “така сакале да јадат”. Трчаат по нив да ги спречат да не паднат. Пушти го бре нека падне…

Дали се сеќавате на времето кога возрасните беа авторитет? Јас се сеќавам многу добро. Ги сакав тие цврсто поставени граници. Беше доволен само еден прекорен поглед на татко ми додека бевме на маса за да ми стане јасно дека супата треба да се изеде и оти не се зборува со полна уста. Наставниците се почитуваа со станување штом влезеа во училницата со громогласно ‘добар ден’ од учениците, носејќи училишни униформа.

Родителите беа ред и закон. Бабите и дедовците ги слушавме бидејќи тоа се очекуваше од нас и никому не претставуваше тешкотија. Ако не си добар на училиште, тешко тебе, нема што понатаму да се зборува. Нема излегување надвор, нема велосипед нема џепарлак, биди среќен ако не добиеш папуча по задникот.

Не сакаш боранија за ручек? Ќе ја јадеш за вечера. Не сакаш ни за вечера? Ќе те чека истото јадење за појадок. Потоа ти станува јасно колку е важно да се изеде ручекот кога ќе ти биде послужен.

Има нешто слатко? Има јаболко. Нешто послатко? Изрендај јаболко со шеќер, јади шеќер, не знам.. Има уште пет дена до пензија, тогаш ќе може и сладолед да добиеш. Наградите за одличен успех во училиште и воопшто за убаво однесување беа многу скромни и ние им се радувавме бескрајно. За одличен успех од татко ми и мајка ми добивавме нешто посебно. Се сеќавам на првиот вокмен. Учев и дење и ноќе, пишував реферати, поправав оцени само за да можам да ги слушам Blondie и Depeche Mode со зелени старки кои ги имав добиено претходната година за одличен успех.

Не можам да сфатам што се промени во меѓувреме во процесот на воспитување на децата и системот на надградување. Денес, децата имаат многу работи и на ништо посебно не му се радуваат. Мрзеливоста се третира со коментарот “па таков е, што да се прави”. Што се случи со игрите како жмурка, ластик и слично? Интернет се случи!

Парковите и дворовите се заменија со социјални мрежи. Преку ноќ. Подмолно. Ние тоа го прифативме. Се приклучивме на тој вид дружење за кој се што ви треба е само струја и компјутер. Децата се дружат онлајн. Внатре во домот.

Како родител, го следев старинскиот рецепт на моите родители за да можам да останам присебна и децата да не ми го ‘испијат’ мозокот, да имам авторитет и неограничена слобода на движење.

Како да стана тренд границите да не постојат или родителите да не умеат да ги постават и одржат стабилни. Во суштина, се промени и тоа што децата се третираат како да се од морска пена.

Јас ги родив нив, а не тие мене. Постои време и место за јадење, спиење и игра и тука нема компромис. Тоа е толку едноставно. Нема цел да му робуваме на родителството, туку тоа да направи честити ловечки суштества со здраво навики. Да се изгради здрав и разумен однос до детето, каде ќе се знае меѓусебното почитување  и што е најважно доследноста на изговорените правила.

Kids-portraits-in-the-park-1140x759__1473072909_79.125.252.152

-Извинете, ми рече една млада жена, вашето дете јаде земја.

-Знам, нека ја јаде ако му се допаѓа. Тоа е мало животинче, ако не му е по волја, ќе ја плукне.

Не стекнав многу истомисленици во ставот спонтано, поминувајќи го времето по парковите заедно. На многу луѓе им делував чудно и се тргаа од мене. И тоа го разбирав. Не зборував, додека не ми поставеа прашање. Твое дете, твоја грижа.

Жал ми е да те слушам колку грешиш млада жено. Грешиш бидејќи си го пуштила да се фрла по асфалтот и да те шутира затоа што не го добил 25 по ред лижавче, грешиш што не си наспана бидејќи тоа не спие до 1 после полноќ. Грешиш што постојано му ги бришеш рацете со влажни марамчиња.

Твоја е грешката што е дебело детето, во пелени и со цуцла, а има 4 години и забите му се црни од кариес. Грешиш што не му даваш да оди во песокот и да се извалка и да да оди на тобоган бидејќи ќе мораш да го пречекаш оти ако падне ќе му се изгребе задникот на бетонот. После тоа ќе плаче…а ти веќе немаш од слатките кои ги сака најмногу, оти поинаку не постои начин да се смири.

Затоа ми е жал, жено. Жал ми е што не знам во што ќе се претвориш. Во нешто во кое никому не би одговарало. Дури и на твоето сопствено дете.

Автор: Сандра Тодоровиќ

 

Преземено од хибрид.мк

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *