Семе Синапово
Однесување

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ИМ СУДИМЕ НА ДРУГИТЕ!

2 мин. читање

Еден ден ученикот го прашал својот Учител:
– Кажете Учителе, зошто сите мудреци не учат дека не треба да им судиме на другите? Толку ли е важно тоа? Ве молам, објаснете ми …

Учителот, постапил како и секогаш, не одговорил веднаш на прашањето, а наместо тоа му дал на својот ученик еден балон, на кој на дното  имало малку кал, и го замолил да застане пред него и да започне да го дува балонот.
– Што гледаш сега? – прашал учителот
– Ве гледам вас и балонот.
– Надувај го го уште малку. – продолжил Учителот

Ученикот ја исполнил наредбата и балонот станал поголем.

– А сега што гледаш?
– Сега речиси не ве гледам, го гледам само балонот, а по ѕидовите му тече калта.
– Надувај го го уште повеќе.
Балонот станал уште поголем и Учителот повторно прашал:
– Што гледаш сега?
– Само балонот и калта. Ништо повеќе.
– Продолжи да го дуваш балонот – рекол Учителот и се отстранил малку настрана.

Ученикот продолжил силно да дува, но балонот повеќе не можел да се надува и одеднаш пукнал, кинејќи се на парчиња, насекаде се растурила калта, која била во него. Ученикот онемел. Се завртел беспомошно … Целиот бил со кал.

– Сега разбра ли што се случува кога ќе се концентрираме на туѓите недостатоци, слабости и грешки? Судејќи му на  човек, ти престануваш да го гледаш самиот човек. Ти го гледаш само сопственото осудување и негативните мисли и чувства за него. И колку повеќе ги разгоруваш, толку поголема е веројатноста калта и нечистотијата на овие мисли да ве онечисти не само вас, но и тие околу вас.

-Завршил Учителот оставајќи го  ученикот замислен.

Сподели ја објавата

Facebook Viber WhatsApp

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продолжи со читање

Однесување

Бирај луѓе што те бираат тебе!

Никогаш не треба да се согласите за ништо помалку отколку што заслужувате Не мора да убедите некого да ве сака. Здравите и оригинални врски не треба да бидат…

2 мин. читање