Познатите цитати на Руми!

Руми бил персиски поет и филозоф кој оставил многу мудри мисли кои може да ни помогнат во животот.

Ако чашата ни е мала, немаме право да го обвинуваме морето.

Тишината е јазикот на Бога, се останато е лош превод.

Пред книгите да се обидеме да прочитаме себе.
Ако душата твоја не е радосна кога очите ти се отворени, знај дека е затворено окото во твоето срце. Отвори го.

Човек кој не зборува за она што го чувствува, се смета за нем, дури и да има сто јазици.

Причината за секоја грижа е некакво лошо дејство. Лошотијата се должи на твоите дела, а не на твојата судбина.

Кој има поголема амбиција, тој поднесува и потешка рана.

Еден камен не може да се раззелени, дури и да стане сведок на илјада пролети.

Кога себичноста доаѓа, Бог си оди.

Малите херои ги победуваат своите непријатели. Големите херои се победуваат себе.

Многу од грешките што гледаш кај другите, се сопствените грешки кои се рефлектираат назад кон тебе. Всушност, ти се жигосуваш и обвинуваш себеси.

Барај го лекот за болеста во навикитена болниот.

Штом човек е задоволен, значи  израдувал некого, ако е загрижен, значи  натажил некого.

Ако бараш засолниште за душата, тогаш си душа; ако бараш парче леб, леб; ако бараш капка вода, вода; ако си по трагите на суровоста, си тиранин; ако бараш љубов, си заљубен. Ти си она по што копнее душата твоја.

Биди силен, без да покажуваш сила, биди весел, без да покажуваш слабост.

Човек не може да види сè; работите кои ги сакаш, те тераат да бидеш слеп и глув.

Една свеќа не губи ништо од светлината, ако запали друга свеќа.

Светот е планина и нашите активности се извици кои ехото ги враќа кон нас.
Биди на штрек! Престани да викаш “утре”. Многу “утра” дошле и си заминале. Ако не внимаваш, времето за сеење ќе истече.

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *