Со храна против малигните заболувања

Малигните заболувања се се почесто застапени и кај нас и претставуваат причина за прерана смрт, или за намален квалитет на живот. Иако има повеќе фактори кои влијаат на појава на овој тип на болести, сепак ние треба да се обидеме да влијаеме на факторите кои се во наши раце. Според Американскиот институт за рак трите најглавни фактори кои придонесуваат за појава на овие болести се: дебелината, лошата исхрана и физичката неактивност. Во понатамошниот текст ќе се задржиме на некои препораки за исхраната и на продукти кои се покажале ефективни во превенција и борба со малигни заболувања.

Не постои една единствена храна која може да ве заштити или да ве излечи од рак, но научниците веруваат дека со правилен избор на прехранбени намирници во исхраната составена првенствено од растителни производи, вие можете да го постигнете посакуваниот ефект. Минералите, витамините и фитохемикалиите во растителната храна меѓусебно соработуваат за да ни овозможат заштита од малигните промени. Истовремено зеленчукот, овошјето, интегралните житарици и мешунките не се многу калорични производи па можат да не заштитат и од здебелување (а дебелината е камен темелник на сите болести на денешницата и директно е поврзана со одредени типови на рак).

Намирници за кои се смета дека нудат заштита од рак се:

  •      Мешунките
  •      Боровинки, малини, капини, брусница…
  •      Карфиол, брокула, зелка, кељ
  •      Темнозелен листест зеленчук
  •      Ленено семе
  •      Лук
  •      Грозје и сок од грозје
  •      Зелен чај
  •      Домати
  •      Интегрални житарки

Со оглед на тоа што одржување на телесната маса во нормала е еден од најглавните чекори кој треба да го направите за да се заштитите од рак, логично е дека и стратегиите за превенција на рак и на дебелина се многу слични. Значи ако превземеме мерки за да се заштитиме од едниот проблем воедно се заштитуваме и од другиот.

Три стратегии за превенција на рак

  1. Јадете првенствено растителна храна која не е многу калорична
  2. Бидете физички активни
  3. Одржувајте ја вашата телесна маса во нормални граници

Три стратегии за редукција на телесната маса

  1. Јадете поголема количина на растителна храна, која не е многу калорична
  2. Вежбајте
  1. Намалете ја големината на порцијата (количината на храна  која ја внесувате

Одговара: Нутриционист Маја Велковска

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *