Неколку чекори кои е добро да ги преземете кога страдате од некоја болест!

Постојано се среќаваме со разни болести кои не зафаќаат нас и нашите ближни и веќе сме запознати со симптомите и последиците од нив. Но сепак кога ќе не снајде некоја болест нас или нашите блиски не фаќа страв и паника и не знаеме како да реагираме. Пробуваме разни лекови и терапии и многу пати се безуспешни. Не обзема очај и депресија и не знаеме што да направиме. Но наместо очај добро е да ги превземете овие чекори:

  • Сменете го начинот на исхрана

Многу пати исхраната е лек кој може многу да ни помогне. Често јадеме храна полна со разни адитиви, конзерванси и токсини кои го трујат полека нашиот организам и многу пати пожелно е да направиме детоксификација на нашето тело. Можеме да го направиме тоа на една недела, на неколку недели или на еден месец. Пијте свежо цедени сокови од овошје или зеленчук. Јадете свежа храна и многу јаткасти плодови.  Познато е дека шеќерот и животинските протеини се најголема причина за рак и други тешки болести па од таа причина не консумирајте ваква храна и на тој начин ќе ги изгладнете клетките на ракот и тој ќе се исуши и повлече.

  • Сменете ги своите мисли

Многу болести доаѓаат од нашите негативни мисли кои исто така го трујат нашиот организам и најдобро е да се ослободиме од нив. Дружете се со позитивни луѓе кои имаат позитивно размислување. Читајте литература која ќе ве расположи и охрабри. Гледајте филмови кои ќе ве насмеат. Заменете ги негативните мисли со позитивни и ќе имате позитивен живот со силна волја која ќе ја победи болеста.

  • Барајте од Бог да ве излечи

Бог е Најголемиот Лекар на целата вселена. Тој знае низ што поминувате и само тој може да ве излечи. Молете се секој ден на Него и имајте силна вера дека ќе ве излечи. Ќе добиете мир и полесно ќе можете да се справите со болеста и последиците од неа. Добро е да одите на лекар но исто така и вие треба да направите нешто за себе. Навравете го вие вашиот дел, а останатото оставете го на Бог.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *