10 нешта кои треба да ги знаете кога имате ќерка!

  • Воспитувањето  на девојчиња е напорна работа, иако воспитувањето  на деца е напорна работа воопшто. Еве неколку совети како да им помогнете на вашите девојчиња правилно да го обликуваат својот карактер и личност.
  • 1. Твојата шминка е и нејзина шминка

    Таа ќе ве имитира во се што правите и ќе сака да ја зема вашата шминка но вие може да го искористите  тоа  и да и покажете како да ја нанесува и да ја користи.

  • 2. Да ги поучите за менструалниот период е навистина незгодно но подобро е да ги подготвите за тој период

    Би било убаво да бидете отворени со неа з асите промени на телото што и се случуваат. Неа треба да и биде згодно слободно да зборува на тие теми со некого а тој некој би требало да бидете вие.

  • 3. Светот ќе се труди тие да пораснат пребрзо но ваша задача е да га задржите да останат девојчиња колку што може повеќе

    Ваша задача е да поставите некои граници кои ќе бидат соодветни за нивните години. НЕ дозволувајте прерана шминка, облека за возрасни и слични работи кои ги вовлекуваат во светот на возрасните.

  • 4. Подржувајте ја нејзината врска со татко и

    Вие сте и потребни како мајка но исто така и е потребен татко кој ќе ја сака многу за да знае кога ќе порасне за таа љубов и да не падне во рацете на некое момче кое само се преправа дека ја сака.

  • 5. Учете ги на вредноста на штедење на парите  за кога ќе пораснат да знаат како да с егрижат за себе си и за другите околу нив.

  • 6. Бидете внимателни како зборувате за вашето тело пред нив

    Вие ќе станете нивен пример за тоа како жената треба да гледа на своето тело. Зборувајте убаво за себе пред нив. Никогаш не зборувајте негативно за вашата телесна тежина пред нив.

  • 7. Заштитете ги но и учете ги како да с епочитуваат себе си

    На светот му се потребни уште силни жени. Убаво е да знаат дека вие им го чувате грбот но исто така убаво е да знаат сами да се снајдат во било која ситуација ,да можат да размислуваат и донесуваат одлуки.

  • 8. Давајте и често комплименти за многу работи освен  за нејзиниот изглед и убавина

    Убаво е да знае дека нејзината вредност е поважна од нејзиниот изглед и убавина. Кажете и дека е паметна, интересна и љубезна. Нешта кои нема да исчезнат со текот на времето.

  • 9. Поставете граници кон другите луѓе и како тие ве третираат

    Ние сме најдобрите учители и тие повеќе учат од тоа што ние правиме отколку што зборуваме.Па затоа бидете вие силни и поставете с едобро и таа ќе го научи истото од вас.

  • 10. Следете ги вашите соништа и цели

    Поставете си цел или хоби за тоа што сакате да го правите и набрзо и таа ќе го направи истото. Верувајте и сакајте го тоа што го правите и таа ќе скаа да има свои цели и желба д аги постигне истите.

  • Разговарајте со неа на сите теми отворено и најважно од се дадете и многу ЉУБОВ:

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *