Совети за исхрана на лица со анемија!

Анемијата е многу честа состојба на нашите простори, и не е мал бројот на луѓе кои постојано се борат со неа. Најчесто со овој проблем се соочува женската популација поради константниот месечен губиток на железо. Анемијата е присутна и кај машката популација, но обично причината за анемијата кај нив е различна и се разбира се јавува многу поретко отколку кај жените. Доколку и вие се соочувате со анемија, тогаш прочитајте ги советите кои може да ви помогнат да се справите со неа.

Совети за надминување на анемијата

  • Јадете храна богата со железо: црно чоколадо, какао, индиски ореви, бадеми, леќа, грав, грашок, семки од тиква, сончоглед, хељда, суви кајсии, вишни, аронија, спанаќ, марула, цвекло, семе од коприва, жолчка од јајца, риба, пилешко и мисиркино месо.
  • Обидете се да ја намалите количината на внесениот глутен, и избегнувајте внес на глутен заедно со оброк богат со железо. Глутенот ја намалува апсорпцијата на сите витамини и минерали, па затоа е добро да се редуцира внесот на: пченица, јачмен и рж.
  • Не комбинирајте млечни производи со оброци богати со железо. И млечните производи имаат својство да ја намалуваат апсорпцијата на железото од храната па затоа внимавајте на комбинациите.
  • Намалете го и избегнувајте го внесот на кафе, билни чаеви. Тие содржат соединенија кои исто така ја намалуваат апсорпцијата на железо.
  • Јатките, семките, житарките и легуминозите киснете ги во вода одвечер и утредента фрлете ја таа вода, ова правете го за да ја редуцирате количината на фитинска киселина во овие продукти. Фитинската киселина  ја намалува апсорпцијата на железо.
  • Внесувајте витамин Ц заедно со оброците богати со железо. Витаминот Ц ја олеснува апсорпцијата на железото од храната.
  • Внесувајте повеќе витамини од Б-комплексот. Можете да јадете никулци од житарки, самите да ’ртите житарки, а јадете исклучиво интегрални житарки кои содржат поголеми количини на витамини од Б-комплексот.
  • Во вашата исхрана внесете и алги како што се хлорела и спирулина.
  • Наутро консумирајте свеж сок од цвекло, морков, јаболко, лимон и портокал, а исто така и во текот на денот пијте по неколку чаши ваков сок.
  • Јадете свежа салата од спанаќ, марула, цвекло, морков, подготвена со сок од лимон, хималајска сол и ладно цедено масло.
  • За појадок направете си смуди со вишни или аронија, додадете и друго свежо овошје, спирулина или хлорела, чиа семе, сончоглед и семки од тиква.

Одговара: нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *