Остави во Божји раце и чекај!

Псалм 121

Ги кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне?
2. Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.
3. Он нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази;
4. не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израилот.
5. Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака.
6. Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети.
7. Гопспод ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
8. Господ ќе го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *