Не одев во градинка: За животот научив од мојата баба!

Ме учеше на се. Готвевме разни јадења, а кога месеше колачи, ми даваше да го развлекувам тестото, да си играм со брашно и да правам се што таа прави.

Се повеќе има модерни градинки и училишта кои на децата им нудат враќање кон природата и кон “вистинските вредности“ – дрвени играчки, музички инструменти, физичка активност, развивање на фантазијата…Нудат интелигентни начини за времето на децата д абиде исполнето со разни идеи и инспиративни начини.

Овие институции на некој начин се одговор на ситуацијата во која денешните деца наместо топка во раката имаат мобилни телефони, наместо да скокаат и играат – седат зад компјутери, наместо да смислуваат и прават – пасивно гледаат и слушаат.

Сите активносто кои се практикуваат во тие градинки и училишта ме потсетуваат на она што некогаш ме учеше мојата баба. Таа беше строга, биста и со остар јазик – вистинска баба.

Се потпишуваше со прстот, бидејќи не знаеше да чита и пишува, но знаеше да брои и да смета, бидејќи така не можеа да ја излажат кога купуваше во продавница и на пазар.

Ме учеше на се. Ме учеше да месам, ми даваше да си играм со брашното..Тогаш тоа беше само игра, но сега сфаќам дека дека од мали нозе ме учеше на самостојност.

Ги храневме кокошките, кучињата, мачките кои ги чуваше. Така од мала научив да ги сакам животните.

Постојано бевме во дворот или во природа и тогаш сфатив колку природата е важна за човекот. Одевме бавно поради неа, но не брзвме никаде, важно беше да стигнеме.

Немав многу играчки, но тогаш сакав само едно – дрвен коњ. Мечтаев дека еден ден ќе го направиме. Неодамна читав колку е важно детето да не биде “затрупано“ со играчки , и со фантазија да се додаваат елементи бидејќи на тој начин се активираат мисловните процеси и се развива креативноста.

Игравме домино и не лути се човече. Ме учеше да не се лутам кога губам, дека мора да размислувам добро и дека секогаш можеме повтроно да играме иако губам. Ме учеше да верувам во Бог и ме носеше на црква.

Секое дете би требало да има барем една ваква баба, која умее да забавува и да учи, и која сепак не може да ја замени ниедна градинка.

 

bizlife

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *