Големите луѓе не ги комплицираат работите!

Големите луѓе не ги комплицираат работите, кај нив работите се едноставни и јасни.

Ситните души ги комплицираат, сакаат да се покажат надмоќни, да ја искористат секоја ситуација за да го зголемат своето влијание, не бираат средства за да ви докажат  дека нивна  е одлуката и дека треба да ја добиете нивната наклонетост за да биде како што сакате.  Големите луѓе не ги комплицираат работите, тие знаат кои се и што се, гледаат големина во човекот, а не во титулите, статусите и останатите неважни работи кои ги делат луѓето.

Големите луѓе не ги комплицираат работите, малите луѓе ќе ти ги искомплицираат животот. Тие ќе те остават да чекаш нивен одговор, ќе ти создадат непотребна нервоза, ќе ти постават услови кои треба да ги исполниш и да ги молиш за нешто што некој друг би ти помогнал без обзир на се.

Големите луѓе не ги комплицираат работите, ако можат да ти помогнат, ќе ти помогнат, ако не можат ќе те упатат онаму каде што можат други. Разликата помеѓу тие луѓе не е во улогата која ја имаат, бидејќи малите луѓе можат да имаат големи функции и да седат во некои таканаречени важни форелји, а големите може д аработат некои сосема обични работи. Разликата помеѓу тие луѓе е во тоа како гледаат на себе и на другите, како се поставуваат спрема себе си и спрема другите.

Ќе ја препознаеш брзо таа разлика, ќе откриеш кој каде се наоѓа, а што е најважно од се и ти порано или покасно ќе дојдеш во ситуација  да избереш на која страна да застанеш. Застани на страната на оние кои не се опседнати со својата замислена големина, застани на страната на оние кои не калкулираат кога треба да се помогне, застани на страната на оние на оние кои титулата човек им е единствената која ја имаат. Што и да работат тие луѓе, дали се на голема положба или не, тоа се гоелми луѓе.

Автор: Mario Žuvela

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *