Веруваш ли дека си посебен?

Веруваш ли дека си посебен? Посебен си бидејќи си уникатно дете Божјо..

Посебен си бидејќи за тебе Бог го создал целиот свет.

Посебен си бидејќи ти е дадено да сакаш и да бидеш сакан.

Посебен си иако понекогаш се чувствуваш безвреден..

Посебен си и кога некој ќе те отфрли и повреди.

Посебен си бидејќи кога ќе паднеш можеш да застанеш и да продолжиш напред..

Посебен си бидејќи твојот пат е само твој пат..

Посебен си бидејќи секој човек на Земјата е твој брат.

Посебен си бидејќи Бог секој ден ти дава нова шанса.

Посебен си бидејќи Бог виде дека вреди да се умре за тебе.

Сега веруваш ли дека си посебен?

Автор: Марио Жувела

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *