ИНТЕРВЈУ СО НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ!

Требаше да земам интервју од една од најубавите жени на светот (според зборовите на мојот шеф) и бидејќи таа живееше во друг град, денес  останав дома – интервјуто требаше да се случи по телефон. Одлично! Направив  чај од нане, се сместив удобно на каучот во дневната соба, облечена за по дома, среќна, дека не треба да ги носам вообичаените работни одела, го зедов мобилниот за да ја побарам.

Имав оскудни информации за неа – знаев само дека е една од најубавите жени на светот … Главната тема на моето интервју очигледно ќе биде женската убавина.
Ја побарав и  чекав.

– Здраво! Очекував да се јавите! – пријателски ме поздрави жената.
– Здраво! Дали сте подготвени да започнеме со интервјуто? – ја прашав јас.
– Да, се разбира.
– Што мислите за ботоксот, кој толку се рекламира во последно време? Вие имате ли вбризгано ботокс? – почнав остро јас.
– Немам ботокс – започна убавицата – секој ден си вбризгувам голема доза инспирација за животот. И сум многу задоволна од резултатот – мојата кожа навистина се пегла, а цртите на лицето ми стануваат некако помлади.

Се зачудив на чудниот одговор, но сфатив дека тоа е нејзиниот начин да избега од признанието дека често си инјектира ботокс. Да, за да го избегнат одговорот, луѓето почнуваат да зборуваат секакви лудости.
– Навистина ли жената треба да носи високи потпетици, за да изгледа секси? – продолжив јас со следното прашање.
– Високите потпетици се несомнено секси, но емитувањето на сексапил нема ништо заедничко со црвените  високи чевли – сексапилноста кај една жена многу повеќе зависи од тоа дали жената оди по патот на срцето, на патот на нејзините соништа – оној пат кој ја исполнува целата со страст. Не со какви чевли е жената има некое значење, туку дали чекори самоуверено по патот на желбите од нејзиниот живот. Дури ми се чини дека посексипилна од босата жена нема – жената која храбро стапнува на асфалтот, по морскиот песок, на зелената студена трева, подготвена да ја чувствува со кожата земјата.

По вториот одговор сфатив дека нема да биде лесно интервју – очигледно анкетираната смета да ми одговора апстрактно и со филозофии. Дефинитивно звучеше чудно.

– Мислите ли декагламурозниот кармин е добар афродизијак за мажите?
– Навистина не знам, можеби треба да ги прашате мажите. Најсилниот афродизијак кој јас сум ги дала на мажот на мојот живот, се зборовите кои излегуваат од мојата уста, без разлика дали таа уста ќе е со кармин, сјај или без ништо. Можеби со светол кармин можам да натерам еден маж да ме посака денес. Но со зборови знам како да натерам еден маж да ме сака уште секој ден. И ќе си признаам дека често наутро заборавам да ставам дури и најобичен балсам, но никогаш не заборавам да ставам светла насмевка на моите усни.

–  Какво е вашето мислење за пилингот на тело – штетен е или корисен за кожата ?
– Пилингот за тело дејствува благотворно, единствено ако се користи правилно – влегувате да се туширате и кога ќе почнете внимателно да јатриете кожата (движењето е секогаш долу нагоре,) отстаренете ја  од себе не само непотребната кожа, но и навредата, гневот , вината, незадоволството. Да го отстраните не само мртвиот слој на кожата, но и мртвите слоеви во душата – само тогаш кожа почнува да свети и станува румена. А кога ќе излезете од бањата и почнете да го нанесувате хидратантниот  лосион за тело, не заборавајте да ги нахраните порите на кожата и со сите оние состојки од кои е гладна душата – со сите оние нешта кои ве прават да се чувствувате среќни, Сите работи кои ве прават да скокате од среќа. Ако не е среќна, една жена неможе да биде вистински убава. Љубовта и среќата придонесуваат жената да зрачи со убавина.

– Како ја одржувате фигурата? Каков е вашиот режим на исхрана? Почитувате ли диети?
– На постојана строга  диета сум – апсолутно ја исклучив злобата и  неувереноста во себе. Јадам многу свежо овошје и зеленчук, но задолжително ја хранам душата со вкусни искуства. Јадам само во пријатно друштво (пријатели, семејство..). Мојата спортска програма е доста натрупана – вклучува многу игри со децата, многу пружање љубов, многу прошетки низ интересни места, многу смеа, дружење со пријателите …

– Кој е вашиот омилен мирис, имате ли омилен парфем? Мислите ли дека парфемот е важен за една жена?
– Го сакам мирисот на мошус. Понекогаш си ставам парфем – смислено одговори жената – но знаете ли кој е најдобриот мирис кој може да го остави една жена на себе? Ако кога си замине од една соба, и по нејзиното присуство се чувствува здивот на нежност и љубов, ако по неа има повеќе насмевки на лицата кои ги сретнала во денот, ако го  доловуваме нејзиното присуство во своите фантазии долго откако жената заминала – ете тоа е брендиран парфем на вистински убавата жена.

– Каков шминка носите? – продолжив однапред запишаните прашања јас, независно од  апстрактните  одговори на најубавата жена.
– Сакам да ставам на очите црн молив.
Конечно еден нормален одговор! Но во истиот момент таа продолжи:
– Но не е црниот молив  важен за мојата убавина. Она што ме прави вистински убава, е начинот на кој гледам на светот и на луѓето околу мене. Ако во моите очи не блеска искра, ако не гледам со огнена љубов на светот, ако моите очи не  одразуваат една убава душа, тогаш нема шминка, кој може да ми ја маскира грдоста и тагата.

Сакате ли  гламурозен накит? – плашливо прашав, но веќе знаев дека едвај и во накитот ќе откријам тајна на нејзината убавина …

– О, обожавам дијаманти! – возврати таа. – Затоа што  добро одговараат на сјајот во моите очи!

– Благодарам за ова интервју – реков потрошено јас.

– Само сакам да ве замолам да ја испратите ваша слика на мојата порака, за да можам да ја прикачам кон моето интервју.
– Се разбира. Веднаш ќе ви испратам една слика. Ми беше многу пријатно.

Најубавата жена го затвори телефонот и само по минута на екранот на лаптопот ми се појави нова порака. Нетрпеливо да видам како изгледа една од најубавите жени на светот, кликнав на прикачената датотека. Само за миг сликата се појави пред мене и јас останав зачудена.
Од екранот ме гледаше една жена облечена во црни пантолони и жолта маица, со врзана коса, без никаква шминка. Од екранот ме гледаше сопствениот мој израз.

Бидејќи најубавата жена живее во секој од нас.

Автор: Моника Василева

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *