САКАНОТО ДЕТЕ НА СЕКОЈА МАЈКА!

Прашале една  мајка, кое од децата го сака најмногу. Таа се насмевнала и без да размисли веднаш одговорила:

– Ќе ви кажам. Моето омилено дете на кое ќе се предадам со сета своја душа и срце, е …

она што е болно – додека не оздрави.
она што е на пат – додека не стигне.
она што учи – додека не се изучи.
она што е изморено – додека не одмори.
она што е гладно – додека не се нахрани.
она што нема работа – додека не најде работа.
она што не е во брак – додека не се вдоми.
она што има долгови – додека не ги врати.
она што плаче – додека не се смири.

И конечно тажно завршила:
– Она што ме напушти … Додека не се врати.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *