Дали ја губиме надежта

Кога ќе нè обземе очај, можеме да се чувствуваме како да сме се изгубиле на море, без надеж дека ќе бидеме пронајдени. Нешто недостасува. Сепак, некако знаеме дека сме дел од нешто многу поголемо, поголемо отколку што тоа можеме во потполност да го сфатиме. Царот Соломон веројатно ги доживвал тие исти чувства кога полн со стравопочит напишал: „Сè што прави Тој е прекрасно во свое време; им ја всадил вечноста во нивните срца, иако човек не може да ги постигне делата што Бог ги прави од почеток до крај.“ (Проповедник 3:11; Библија) Тоа е тој факт, дека сме дел од некој поголем план од кој се појавува надеж. Соломон Го гледа Бога како Оној, Кој ја поставува „вечноста во срцата на луѓето“. Но, тој дар многу лесно може да биде загрозен. Живеејќи во свет исполнет со несреќи и разочарувања, надежта многу лесно може да се изгуби, оставајќи нè нас во потполн и длабок очај.

Не го препознал само Соломон тоа чувство на исчекување. И апостол Павле го препознал тоа. Меѓутоа, тој со надеж се зафатил за нешто што трае низ целата вечност. Надежта може да опстане додека чекориме и во најмрачните долини. Забележете што забележал тој: „А надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, кој ни е даден.“ (Римјаните 5:5; Библија)

Ако некогаш било време кога на светот му бил потребен цврст темел на кој може да се гради надежта, сега е тој момент! Апостолот нè потсетува на една возвишена надеж. Ништо, апсолутно ништо, нема да ја промени ниту да ја отстрани Божјата љубов, бидејќи самиот Тој е извор на љубовта. Неговата љубов не се менува. Она што може да се промени е нашето согледување на таа љубов. Како ја доживуваме таа љубов, зависи од нас самите. Затоа, кога сме вплетени во Божјата љубов, дејствувањето на Светиот Дух станува активно.

Да се биде повереник на таква надеж, тоа не е само предимство, тоа е и одговорност. Кога грешиме, Бог не го вперува прстот во нас, туку тежнее да нè помири со Себе. Тоа го изјавил и апостол Павле кога напишал: „Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8; Библија)

Вечноста е поставена во нашите срца. Надежта, цврстата надеж постои. Поверениците на надежта помагаат откривајќи ја едни во други. Нивната вера е исполнета со надеж! Божјата љубов не е наменета само за нас. Таа исто така му е потребна на нашиот свет, светот кој се одвоил од Бога, кој е преплавен со чувство на изгубеност, и за кого надежта станала само како некоја илузија. Како магнет, нашата надеж станува привлечна кон оние кои не знаат во кој правец треба да гледаат. Можеме да направиме голема промена и разлика во животот на луѓето, во тој мал дел од светот во којшто живееме!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *