13-годишно девојче од Велика Британија со револуционерна метода е излечено од најлошата форма на рак откако сите кренале раце.
Акутната лимфоцитна леукемија е одговорна за 80% од акутните леукемии кај децата, со најголема инциденца на возраст од 3 до 7 години.
Оваа дијагноза Алиса (13) од Лестер, Велика Британија ја добила во мај минатата година. Хемотерапијата не дала резултати, девојчето отишло на трансплантација на коскена срцевина. Но, ниту тоа не помогнало. Ракот бил во терминална фаза.
- Минатата година во ова време мислев дека е нашиот последен Божиќ. Плачев на нејзиниот роденден во јануари – рекла мајката на Киона.
Девојчето било примено во специјализираната детска болница Great Ormond Street Hospital во областа Лондон каде како последна надеж и дале експериментален лек. По шест месеци ракот исчезнал, јавува Би-би-си.
„Да не беше ова, ќе умрев“, вели малото девојче.
Лекарите користеле револуционерен метода со кој ја смениле молекуларната структура на генетскиот код и конструирале нови типови на Т-клетки кои доаѓаат од донатори и ги модифицирале за да ги уништат канцерогените Т-клетки во телото на девојчето.
Со промена на генетскиот код, Т-клетките кои девојчето ги добила од донаторот не ги напаѓале здравите клетки, а научниците успеале да направат т.н. „наметката на невидливоста“ што го спречи хемотерапискиот лек да ги убие тие клетки. Ако терапијата е успешна, имунолошкиот систем на Алиса – вклучувајќи ги Т-клетките – ќе биде обновен со втора трансплантација на коскена срцевина.