И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи, кои застанаа подалеку и го поткренаа гласот, велејќи:
„Исусе, Учителе, смилувај ни се!”
А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свештениците!”
И се очистија додека одеа.
А еден од нив, кога виде дека оздравел, се врати славејќи Го Бога гласно. И падна на лице при Неговите нозе и Му благодари. А тој беше Самарјанец.
Тогаш Исус одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се уште деветте? Не најдоа ли да се вратат и да Му благодарат на Бога, освен овој туѓинец!”
И му рече: „Стани и оди си, твојата вера те спаси!”
– Извадок од Евангелието по Лука, глава 17, стихови 12-19; Свето Писмо – Библија