Bog se grizi za tebe

Препуштете му ја на Бога грижата за својата душа и имајте доверба во Него

Кога сме окупирани со себе, нашиот ум се одвраќа од Христа, од изворот на силата и животот. Затоа сатаната постојано се труди вниманието да го одврати од Спасителот и со тоа да ја спречи заедницата и врската на душата со Христа. Задоволствата на светот, грижите и несигурноста и жалостите на животот, маните на другите или вашите сопствени мани и недостатоци – тоа се предмети кон кои тој, кон еден од нив или кон сите заедно, сака да ги насочи вашите мисли. Немојте да ве заведат неговите лукавства. Мнозина, кои навистина се совесни и кои сакаат да живеат за Бога, тој мошне често ги наведува да се занимаваат со своите мани и слабости и така, одвојувајќи ги од Христа, се надева дека ќе постигне победа. Ние не смееме самите себеси да станеме центар и потоа да се грижиме и да се плашиме дали ќе бидеме спасени. Сето тоа ја оддалечува душата од Изворот на нашата сила.

Препуштете му ја на Бога грижата за својата душа и имајте доверба во Него. Разговарајте и мислете за Исуса. Вашето „јас“ нека се загуби во Него. Отфрлете секое сомневање; истерајте го својот страв. Кажете со апостол Павле: „А јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене, а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку вера во Божјиот Син, Кој ме милее и се предаде Себеси за мене“ (Галатјаните 2:20; Библија). Потпрете се на Бога. Тој може да го сочува она што сте Му Го довериле. Ако се препуштите во Негови раце, Тој ќе ви помогне надмоќно да победувате со помош на Оној Кој ве љубел (Римјаните 8:37; Библија).

Извадок од книгата „Патот кон Христа“, ЕГВ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *