Vistina vo Isus

Како што е вистината во Исуса

Ова го велам и сведочам во Господа, да не живеете веќе како што одат народите во суетата на својот ум, помрачени во својот разум, оттуѓени се од Божјиот живот, заради незнаењето кое владее во нив, заради закоравеноста на нивното срце. Откако го изгубија чувството, тие и се предадоа себеси на разузданоста, за да прават секаква нечистота во лакомост.

А вие не Го познавте така Христа, ако сте чуле за Него и ако сте во Него поучени онака, како што е вистината во Исуса; во однос на својот поранешен живот, вие треба да го соблечете од себе стариот човек, кој тлее заради измамливите страсни желби, и да се обновувате во духот на својот ум, и да се облечете во новиот човек, кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината.

Затоа отфрлете ја лагата и зборувајте вистина секој со својот ближен, зашто сме членови едни на други!

:: Извадок од Светото Писмо – Библијата
:: Посланието до Ефесјаните, глава 4, стихови 17-25

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *