Bog se grizi za tebe

Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи

Некои луѓе во својот дом имаат плоча на која пишува: „Зошто да се молите кога можете да се грижите?“ Секогаш знае да ни измами насмевка, затоа што сме свесни дека и самите се однесуваме така – често се грижиме, наместо да му пристапиме на Бога и да му ги изнесеме своите грижи.

Некој еднаш рекол: кога животот ни станува премногу заплеткан, треба да му го предадеме на Бога и да Го оставиме да ги одврзе јазлите.

А колку само Бог копнее да го направи тоа за нас! Сепак, чудно е што успеваме да се држиме за нашите проблеми додека не препукнеме. Зошто чекаме да нѐ обземе очајот пред да му пристапиме на Господа?

„И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.“ (1 Петрово 5:7, Библија)

Апостол Петар го цитира Псалми 55:22: „Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот.“

Која е основната порака во ова за нас?

Да ги прочитаме стиховите 25-33 и од Евангелието по Матеј, од шеста глава: „Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката?  Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив? Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот?

Зошто се грижите и за облеклото? Погледнете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни?

И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова. Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.“

Стихот 1. Петрово 5:7 е многу едноставен. Тој значи токму тоа што го кажува. „фрли“ значи токму тоа – фрла, предава – така што она што предизвикува болка и загриженост нема повеќе никаква врска со нас. Но, секако, ние не го фрламе нашиот товар каде било. Нашата грижа не исчезнува во празнината. Му го предаваме на нашиот небесен Татко, Кој ветува дека ќе го реши.

Токму за ова зборува Исус во Евангелието според Матеј. Тоа не е нешто што е тешко да се направи. Напротив. Проблемот е што ни изгледа премногу лесно, премногу добро за да биде вистинито.

Причината за загриженост може да биде различна. Тоа може да биде притисок на работа. Неочекувана критика. Чувство дека сме непожелни и несакани. Здравствени или финансиски грижи. Чувство дека не сме доволно добри за Бога. Кога веруваме дека не ни е простено.

Какви и да се нашите проблеми, една од причините зошто се држиме до нив е тоа што мислиме дека можеме да ги решиме подобро од кој било друг. Меѓутоа, Петар нѐ поттикнува да ја преиспитаме секоја таква мисла. Причината поради која не треба да се грижиме е тоа што Бог се грижи за нас. А дали Тој сè уште се грижи доволно за да интервенира, дури и кога сме на работ на развод или се чувствуваме целосно бескорисни? Библијата вели дека Бог доволно се грижи за нас и дека е подготвен да направи пресврт во секоја ситуација.

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *