На ова сиромашно момче, бездомник, животот му бил спасен од еден библиски стих!

Станува збор за сиромашно момче, бездомник, кого го спасил бисблиски стих, ќе ве трогне до солзи.

Момчето делеше весници на аголот од улицата, на место каде што некои луѓе излегоа на студената улица, а други влегоа на топло. На момчето му беше толку студено што не сакаше да продаде многу весници.

Отишол до полицаецот во близина и му рекол: „Господине, да не знаете каде едно момче може да најде топол кревет за спиење ноќеска? Видете, јас спијам во кутија зад аголотдоле во уличката а таму вечерва ќе биде страшно ладно. Секако би било да имате топло место за сместување.“

Полицаецот погледнал во момчето и рекол: „Можеш да отидеш преку улицата во онаа голема бела куќа и да тропнеш на вратата. Кога ќе ти отворат… ти само кажи Јован 3,16 и ќе те пуштат внатре“

„Јован 3,16.“
Така и направил. Стигнал до куќата и тропнал кога му отвориле рекол: „Јован 3,16.“ Дамата рекла: „Влезете сине.“ Детето влегло и се топлело покрај канинот и си велеле во себе: „Јован 3,16. Не го разбирам тоа но секако го стоплило кога му било ладно.“

Жената го прашала: „Дали си гладен?

Рекол: „Па малку. Не сум јаден веќе неколку дена и може д акаснам малку храна.“ Жената го однела во кујната и го седнала на маса полна со прекрасна храна. Јадел се додека не можел повеќе да јаде. Тогаш помислил во себе: „Јован 3,16…Човече, навистина не го разбирам тоа, но секако помогнало да биде сит.“

Го одвела во купатилото со голема када и ја наполнила со топла вода. Додека се бањал, помислил: „Јован 3,16… Навистина не го разбирам тоа, но барем бил чист. Во животот сум се бањал само кај хидрантите кои прскаат вода.“

Жената го однела во соба со удобен кревет, го бакнала за добра ноќ и го изгасила светлото. Додека лежел во креветот го гледал снегот како паѓа надвор и си помслил: „Јован 3,16… Не го разбирам тоа, но секако му помогнало да се одмори.“

Следното утро пак го однела на масата и му дала убав доручек.

„Го разбираш ли Јован 3,16?“


Откако јадел, го однела на столица за лулање и му дала во рацете Библија…

Седнала покрај него и погледнала во неговото младо лице. „Го разбираш ли Јован 3,16?“, го прашала нежно. Одговорил: „Не, госпоѓо, не го разбирам. Прв пат го слушнав тоа кога полицаецот ми рече да го кажам.“ Ја отворила Библијата, таму каде што е Јован 3,16 и почнала да му кажува за Исус.

Токму таму, покрај каминот, момчето го предало своето срце и живот за Исус. Седел и си мислел како тој стих направил ова момче да се чувствува сигрно.“

Ние не разбираме како Бог бил спремен да го даде Својот син да умре за нас. Не ја разбираме агонијата на Таткото и ангелите на небото кои гледале како Исус страда и умира.Не ја разбираме љубовта кон нас и да се умре за нас….

„Зошто Бог толку го возљуби светот што го даде Својот Единороден Син за секој кој верува во НЕго, да не загине туку да има живот вечен.“ – Јован 3,16

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *