Veruvajte Mu Na Isus

Кога сите можности се исцрпени, верувајте во овие зборови на Исус Христос!

Кога сите можности се исцрпени и ништо повеќе не може да се стори, верувајте во овие прекрасни зборови: Не плашете се, само верувајте!

Кога Јаир, управителот на Синагогата, слушнал дека неговата сакана ќерка починала, се соочил со последниот испит на верата. Тој ѝ погледнал на смртта во лице.

Замислете го хаосот кога во домот стигнале тој и Исус. Неговата жена била нажалена и го прашувалa: „Каде беше? Предоцна е. Нашата драга ќерка ја нема веќе.“

Како што било обичај во тоа време имало многу собрани кои плачеле. Кога Исус ги видел рекол: „Зошто викате и плачете? Детето не е умрено, туку спие“. (Марко 5:39). Каква била нивната реакција: „Тие Му се потсмевале” (Марко 5:40).

Ова ни покажува што Бог бара од нас. Мораме да се соочиме на тие места, со смрт, болка исмевање и да веруваме во овие зборови: „Не се плаши, само верувај!

Не знаеме дали верата на Јаир останала силна или неговото срце било совладано со страв. Сепак, Исус го фатил мртвото девојче за рака и рекол: „Девојче, Јас ти зборувам, стани!“ Девојчето веднаш станало и почнало да оди наоколу. (Марко 5:41, 42).

Мораме постојано да се потсетуваме на Исусовите зборови, кога сите можности исчезнуваат и не може веќе ништо да се направи: „Не плаши се, само верувај!” Може ќе речете: „Но кога сум во болка, немам сила да верувам. Преслаб сум, совладан.”

И по многу години по Исус може уште така да се молиме: „Господи, стави Ти вера во мене. Сам немам сила да верувам.“

Верувајте дека Бог е верен да го направи тоа. Мора да веруваме и покрај болката, страдањата, смртта, маловерието.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *