Ne plashi se

Кога поминувате низ неволја и тешкотија, потпрете се на овие Исусови зборови

Нашето општество денес е нарушено. Имаме училишта што се надвор од контрола, лидери кои се збунети, банкарски систем што пропаѓа, невработеност што се шири, социјални програми кои се несигурни и целосно распаѓање на моралните вредности. И згора на сето тоа, Земјата може да биде на работ на нуклеарна катастрофа. Накратко, се чини дека работите излегуваат од контрола.

Како можат верниците да застанат цврсто и стабилно среде целиот овој хаос? Писателот на посланието до Евреите, одговара: Во сè што се случува во нашиот живот, ние мора да Го видиме Исус, (Послание до Евреите 2:9).

Некој може да праша: „Како може Господ да биде во нешто од ова? Толку многу работи во мојот живот излегуваат од контрола“. Дозволете ми да дадам еден пример од Светото Писмо. Зборувам за човек чиј свет се претворил наопаку во хаос, тресејќи ги темелите на Неговата вера. Меѓутоа, среде сето тоа, тој Го видел Господа.

Во часот на неговото големо судење, Стефан стоел непоколебливо, додека толпата, составена од Христови мразители, го опкружувала, каменувала, подготвена да го убие. Стефан знаел дека има само уште неколку мигови живот – но тој бил исполнет со мир и спокојство. Која била тајната на издржливоста на Стефан?

Токму во тој момент, тој сведочел: „Еве, ги гледам отворени небесата и Човечкиот Син како стои оддесно на Бога.“ (Дела Ап. 7:56). Тој го држел погледот кон Самиот Исус и можел да се соочи со сурова смрт знаејќи дека Исус е со него во сето ова.

Примерот на Стефан содржи нешто што е од голема важност за сите што Го сакаат Господа и Му служат само Нему. Еве што е тоа: Кога Го гледаме Исус среде наши проблеми и тешкотии, секогаш Го слушаме како ни вели: „Не плаши се!“

2 коментари

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *