“Кога човек ќе направи еден чекор кон Бога – Бог кон него ќе направи илјада чекори”

Јаков 4:8, Библија

Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас;

Јаков 4:8, Библија

Бог ни ветил дека ќе биде со нас се до крајот на светот, но од нас зависи дали ние ќе бидеме со Него. Тој чека ние да Му пријдеме, Тој не се наметнува, не не присилува….Тој сака ние да имаме копнеж за Него и да Го побараме.

Кога ќе Му се приближиме и ќе бидеме со Него, ќе почувствуваме голема промена во нашиот живот. Не е ист животот со Него и без Него.

Ќе ни биде Водач низ животот, Лекар, Пријател и Надеж.

Дадете го првиот чекор кон Него и чекајте да видите како Тој ве восхитува и води.

3 коментари

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *