Детенце се родило без очиња, неговата мајка го оставила. Но брзо потоа тој си го пронашоло вистинското семејство!

8 месечниот Александар К. е роден во Томск, Русија без очни јаболчници поради синдром на антофталмија SOX2.

Тоа е многу ретко заболување, во светот досега има само 3 случаи. Лекарите велат дека детето е сосема здраво ако го исклучиме тој синдром.

Неговата биологична мајка разбрала за дефектот во 31 седмица од бременост и след раѓањето се одкажала од него.

За среќа, персоналот на болницата по само една седмица објавила дека пронашла топло семејство кое со радост го примила. Светлана Сирова, новинарката која за прв пат ја раскажува приказната на Саша напишала:

Детето заминува во голем град, со напредната медицина, современи училишта. Тој ќе има сестри и вила каде посебна грижа ќе се посвети на него. Ви благодариме на сите кои помогнавте овој апел за посвојување да стигне до многу семејства. Им благодариме и семејствата кои ги подготвија документите и беа спремни со многу љубов и радост да го вдомат малиот Саша, тој сега си има вистинско семејство.

Саша денес живее во Санк Петарбург и веќе ги има добиено првите протези. Лекарите планираат да создадат вештачки очни јаболчници со цел да се избегне деформација на лицето на момчето.

izvor. delcevodenes.mk

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *