Нека Бог се роди во вашите срца и нека живее во вашите домови денес и секој ден!

– И ѝ рече ангелот: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога;
и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус.
. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида;
и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај.”

Нема поголема радост од таа дека Исус се роди за да умре за нас. Нема пубава вест од таа дека Господ го даде Својот Единороден Син за нас.Но дали тоа треба да го славиме еден ден, а потоа да го заборавиме?

Во прилог една песна од непознат автор која кружи на интернет со многу јасна порака за сите нас :

Луѓе се собираат, на греана ракија, се пали коледарски оган;
Се пеат коледарски песни и се поздравуваат со познатиот слоган:
За многу години, за многу години!

Се пее за Коледе, за паднало греде, за дедо што баба тепаше, па гол по нива шеташе.
Се пее и за згоеното прасе што сите ќе го јадеме,
но песна за Христос никако не можеме да најдеме.

Да, Христос го нема во бадникарските песни;
го нема ни во пијаните глави.
Ќе речеме, па таков е обичајот; што да се прави.
Но дали така Божиќ треба да се слави?

На Божиќ си спомнуваме дека Божјиот Син дојде меѓу нас,
И правеше добра на земјата, се до смртниот час.
Но најголемото Негово дело е тоа што го даде своето тело.
Со него, на крстот ја плати казната за нашиот спас.

Затоа, најдобар начин да го прославиш овој празник важен,
Е да престанеш да бидеш верник, површен или лажен.
Наместо само за Божиќ или Велигден,
барај го Бога секој ден.

Напушти го грешниот живот и злите дела,
И од Христос ќе добиеш нова, облека бела.
Тогаш Божиќ за тебе вистинско значење ќе има,
И нема да ти е важно дали е во лете, или во зима.

Нека Бог се роди во вашите срца и нека живее во вашите домови денес и секој ден!

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *