Имам само еден план, да го живеам животот во мир!

Што се однесува до плановите за иднината, имам само еден план, да го живеам животот во мир!

Тоа значи, да ги намалам очекувањата дека некои посебни искуства ќе ме направат среќна, помалку да гледам кој што работи и да не се коментираат туѓите животи. На крајот не ни знаеме што е во нивна позадина.

Да се остане едноставен што е можно подолго. Ако работите тргнат однопаку нема да се предадам, туку ќе верувам дека животот ме става во искушение, всушност моето трпение и ја создава мојата животна сила.

Што се однесува до плановите за иднината не треба многу планови, поважно ми е да се одвикнам од жалење дека животот е тежок и дека луѓето се неправедни. Да научам да го почитувам животот во малите работи, работејќи го тоа на долги патеки, а не само на еден ден.

Сакам да останам упорна и по одбивањето, сакам да можам да се насмејам колку и да е тешко и да го гледам стравот во очи, колку и да сакам поради него да се откажам од се’.

Сакам да немам никогаш време за омраза, лутина, бес или некои други негативни чувства. Животот е премногу краток за да го скратувам додатно со тоа. Инстиктот за преживување може подобро да живее, кога си позитивен. Илузиите кои ќе прострујат низ мојот простор и време се на минување а секоја болка има некоја смисла.

Кога ќе почнеш да се чувствуваш слободен тогаш навистина ќе сфатиш дека тоа чувство треба да го чуваш повеќе од се’ друго на светот. Сега сакам да уживам во мали секојдневни и проверени работи со луѓе кои ги сакам. Ситници се тоа кои оставаат длабок траг во срцето.

Имам свое темпо и тргнувам напред со мали чекори. Единствен план ми е тој да одлучам да верувам, дека иднината ќе биде подобра од минатото, не затоа што ќе се случи чудо, туку затоа што Сама ќе се обидам да бидам подобар човек.

izvor> https://o3zona.net/2019/06/13/%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%bc-%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%be-%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d0%b0%d0%bc-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be/

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *