Го избркавме Бог, а потоа се прашуваме зошто Боже го дозволуваш ова?!

Знаете ли како ќерката на Бил Грем, во едно ток-шоу, посветено на настаните од 11 септември, на прашањето од водителката Џејн Клејсон: „Како Бог можеше да дозволи да се случи такво нешто?“ Ана Грем ѝ дала многу длабок и проникнувачки одговор.

Таа рекла: „Верувам, дека Бог исто како и ние, длабоко жали за тоа што се случило. Но, ние со години го прогонуваме Бога од нашите школи, од нашите држави, од нашиот живот. И мислам, дека Бог, како вистински џентелмен, едноставно отстапи. Можеме ли да очекуваме од Бога благослов и заштита, ако притоа бараме да нè остави?“

Да се сетиме на некои работи… Според мене, сè започна кога Медлин Мјуреј О’Хара (беше убиена, нејзиното тело беше пронајдено неодамна) изјави дека во училиштата нема место за молитва, и ние рековме: „Добро“.

Потоа, некој рече дека подобро е во училиштата да не се чита Библијата (Библијата, во која е речено: „Не убивај“, „Не кради“ и „Возљуби го ближниот твој, како себеси“!).

И ние рековме: „Добро“.

Потоа, кога доктор Бенџамин Спук рече дека не треба да применуваме телесни казни кон нашите деца, кога се однесуваат лошо, затоа што со тоа ќе ги повредиме нивните малечки личности – можеме да го повредиме чувството на нивното лично достоинство (синот на доктор Спук го заврши животот со самоубиство). И ние рековме: „Тој е специјалист и знае што зборува“. И пак рековме: „Добро“.

Потоа некој рече, дека учителите и директорите не смеат да ги казнуваат нашите деца. А администрацијата во училиштата најстрого им забранува на своите учители да ги прекоруваат непослушните ученици, затоа што не им треба лоша реклама, и дека не сакаат да одговараат пред судот за тоа (постои голема разлика помеѓу казна и прекор, понижување, тепање).

И ние рековме: „Добро“.

Потоа некој рече: „Ајде да им дозволиме на нашите ќерки да абортираат, ако тоа го сакаат. Така не ќе мора дури ни да им кажуваат на родителите“.

И ние рековме: „Добро“.

Тогаш, некој умен член на школскиот совет рече: „Момчињата секогаш ќе бидат момчиња и секогаш ќе го прават тоа. Така што, да им дадеме на нашите синови презервативи колку што сакаат, за да можат да се забавуваат колку сакаат. А ние не ќе мора да им раскажуваме на родителите, дека ги добиле во училиште“.

И ние рековме: „Добро“.

Потоа, некој од, од нас избраната власт, рече дека не е важно што се случува во нашиот личен живот, ако си ја вршиме добро работата. И согласувајќи се со тоа, ние рековме дека не е важно кој (вклучувајќи го и претседателот) со што се занимава во личниот живот, доколку имаме работа и сè е во ред со нашиот финансиски живот.

Тогаш некој рече: „Ајде да печатиме весници со слики на разголени девојки и тоа да го нарекуваме здрава практична висока оценка на убавината на женското тело“. И ние рековме: „Добро“. Тогаш, некои отидоа со таа висока оценка уште понатаму и почнаа да објавуваат фотографии од разголени деца, а потоа уште понатаму, да ги ставаат на Интернет.

И ние рековме: „Добро, тие имаат слобода на говор“.

Потоа индустријата на забавите рече: „Ајде да правиме филмови и емисии кои пропагираат насилство, богохулство и забранет секс. Ајде да снимаме музика која ја охрабрува употребата на наркотици, силувања, убиства, самоубиства и сатанизам“.

И ние рековме: „Тоа е само забава, музиката нема негативни ефекти, никој не ја сфаќа сериозно, така што, продолжувајте во тој дух“.

И сега се прашуваме, зошто нашите деца немаат совест, зошто не можат да направат разлика меѓу доброто и злото, зошто, без да се замислат, убиваат непознати, своите школски или себеси. Можеби, доколку сериозно и долго се замислиме, и ќе си најдеме одговор. Јас мислам дека тука станува збор за тоа: „што ќе посееш, тоа и ќе пожнееш“.

Еден млад човек напишал: „Драг Господи, зошто не го спаси малечкото девојче, кое го убија во нејзината училница? Искрено Твој, вознемирен студент“.

Еве го одговорот: „Драг вознемирен студенту, Мене не ме пуштаат во училиште. Искрено твој, Бог“.

Смешно е, колку лесно луѓето се избавуваат од Бога, а потоа се чудат зошто светот се претвора во ад.

Смешно е, кога веруваме на сè што пишат весниците, а се сомневаме во тоа што пишува Библијата.

Смешно е, кога сите сакаат да стигнат во рајот, притоа не верувајќи, не размислувајќи, не зборувајќи и не правејќи ништо од она што го вели Библијата.

Смешно е, кога некој вели „Верувам во Бога“, а го следи сатаната, кој исто така „верува“ во Бога.

Смешно е, кога ни е толку лесно да судиме, а толку тешко да бидеме судени од другите.

Смешно е, кога глупите шеги се распространуваат со брзина на светлината, но луѓето двапати ќе размислат дали да споделат со пријателите статус, во кој се зборува за Бога.

Смешно е, кога сè непристојно, грубо, похотливо и вулгарно, многу лесно може да се најде на Интернет, а во училиштата или на работа, отворената дискусија за Бога е невозможна.

Текстот е преземен од Александар Дојчинов

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *