Ако не си задоволен со својот живот. Промени го. Тоа е твоја обврска.

Многу често влегуваме во некоја рутина за која мислиме дека нема излез. Се навикнуваме и приспособуваме на работите за кои мислиме дека се безбедни и правилни.Се плашиме од промена бидејќи се плашиме да направиме скок на верата кон непознатото.

Затоа, остануваме. Преплашени сме од идејата да оставиме се зад нас и да започнеме нешто ново за кое сме волни да ја жртвуваме нашата среќа поради чувството на познато и безбедно.

Ако не си среќен со твојата положба во животот. ПОМЕСТИ СЕ: Не си дрво.

Ако не си среќен со работата – Дај отказ.Ако твојата работа те исцрпува психички, физички и емоционално или ако не чувствуваш развој и учење нови работи, тогаш дај отказ и најди подобра работа која те прави среќен. Твојата среќа е поважна од парите.

Ако не си среќен со пријателите околу тебе – Замини. Ако мислиш дека не делуваат позитивно на тебе и ја исцрпуваат твојата енергија, замини. Твоја обврска е да се заштитиш од токсично влијание. Продолжи напред и опкружи се со луѓе кои се на иста фреквенција со тебе.

Ако не си задоволен со својата врска – Прекини ја. Ако врската те уништува наместо да те усреќува тогаш нешто не  е во ред. Врската е нешто повеќе од романтични вечери, слатки пораки и бакнежи. Врската треба да те направи најдобрата верзија од себе и да ти даде простор да растеш. Ако партнерот/ката те растажува, те труе со токсично влијание време е таа врска да заврши да  се продолжи напред.

Ако не ти се допаѓа градот во кој живееш- Напушти го. Познатото и комфорот се добри, но не толку добри. Најдобрите работи се случуваат надвор од комфорт зоната.Не се плаши да ризикуваш.Осмели се да одиш во нов град и да искусиш нешто ново. Вистинскиот доме  етаму каде што си среќен, не таму каде што си безбеден.

Ако не ти  се допаѓа начинот на твојот живот- Смени го. Престани да се нервираш за работи кои не можеш да ги промениш.Можеш да се смениш само себе си и како ги гледаш работите. Животот е убав ако го гледаш како таков. Тоа е и толку едноставно и толку комплицирано.

Твојата среќа  е најважна.Ако не си среќен/а, смени нешто денес.

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *