Кога некој ќе те изнервира, не ја заборавај оваа порака!

Дали знаете како е создаден бисерот? Повеќето луѓе знаат дека бисерот доаѓа од школката,и не е никаква случајност што бисерот е внатре. Всушност, таа мала школка има толку многу работа додека го создаде тој бисер.

А најинтересниот дел во процесот е дека целта на школката не е да го создаде бисерот. Целта на школката е да преживее.

Бисерот е формиран кога едно зрно песок или нешто друго влезе во школката. Ако се остави, тоа мало зрнце би предизвикало штета на нежната и мека површина. Зрното е иритант на школката, и предизвикува лакирана супстанција наречена седеф. Школката го покрива седефот за да се заштити од тој иритант .Постојано работи за да се заштити себе од тој иритант. Тие слоеви на седеф го обложуваат зрното песок, светнувајќи го и формирајќи прекрасен бисер.

Во нашите животи, нападот е исто како зрното песок. Кога некој ќе каже или направи нешто што не навредува, тоа е како да ставаат зрно песок во школката. И исто како школката, треба да научиме како да се справуваме со навредите кои не иритираат.

Низ нашите животи, ќе се случат неправедни работи. Луѓето ќе не изневерат, ќе кажат работи што ќе ги повредат нашите чувства и нема секогаш да се однесуваат со нас како што мислиме дека треба. Ако дозволиме овие навреди да пуштат корени во нашите срца, тие ќе предизвикаат да станеме поогорчени и да ја изгубиме нашата радост и ентузијазам за животот. Мора да научиме да се изолираме од тие навреди и да ги зачуваме нашите срца чисти. Треба да ги земеме тие негативни работи, да ги предадеме на Бог и да Му дозволиме да произведе бесценети бисери какви што треба да бидат нашите животи.

 

 

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *