Сакај ме онака како што те сакам јас!

Држиме цврсто за рака, цврсто онака како што ми вети тој ден. Јас те одбрав тебе, тебе меѓу милион други. Не ми беше битно ништо сакав само вечно да се будам до тие очи. Не повредувај ме, тоа ме боли. Прости, прости ми ако некогаш грешам тоа се само моите години. Јас се борев против сите против себеси најмногу за тебе само за тебе. Милион прашања ми се вртеа во главата и многу неразјаснети чуства но тој поглед ми ветуваше многу. Сега си на ред ти. Почитувај ме, сакај ме онака како што те сакам јас чувај ме ти си ми се на овај свет. Штити ме со тебе сум посилна. Остави ме некогаш да згрешам така ќе научам на се што нуди овој живот. Биди вечен. Еден живот не би ми бил доволен со тебе за да те љубам. Докажи ми дека го избрав вистинскиот пат. Ти си мојот пат. Ти си мојот ангел чувар.

Автор: Тодороска

One comment

Напиши одговор на svetla ilieva Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *