Мажи, сакајте ги своите жени. Жени, почитувајте ги своите мажи!

Бог ги создал мажот и жената и сака тие да се почитуваат меѓусебно. Љубовта е темелот на Неговиот карактер, на Неговите Десет заповеди.

Во Библијата, посланието на апостол Павле до Ефесјаните, 5 глава, 25 стих пишува:

“Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа…“

Како што Исус го сака народот Божји, со љубов до смрт, смрт на крст, така и мажот треба многу да ја сака жената жто и животот би го дал за неа…

Во Посланието до Колосјаните Павле вдахнат од Бог напишал:

“Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги!“ 

Да се сака жената без да и создаде горчина, гнев и тага….

Image result for man and wife

Љубовта треба да биде обострана, взаемна, одржувана со многу труд и секојдневно помагање.

Во посланието до Ефесјаните Павле пишува  “Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ…“ Жената како послабо суштество треба да гледа на својот маж како водач, лидер, заштитник, сила…

Во контекст на тоа апостол Петар пишува:

Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.

Image result for man and wife

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *