Учете ги вашите деца како да готват!

Учејќи ги како да готват едноставно но сепак вешто, вие поставувате темел на најкорисната гранка на воспитувањето. Учете ги да месат, да готват, да подготвуваат, сервираат, декорираат, да се роди љубов кон готвењето уште во нивните мали срца.

Мајки, наместо да тежнеете на ќерките да им дадете музичко образование научете ги на готвачките вештини кои се корисни и во тесна врска со животот и здравјето.

Пред децата да почнат да земаат лекции за клавир или виолина, треба да добијат поуки за готвењето. Учењето на готвењето не треба да ја исклучи музиката, меѓутоа да се учи музиката е  од помала важност отколку да се учи како да се приготви здрава и вкусна храна. Вашите ќерки може да ја сакаат музиката и тоа е сосема добро, тоа може да допринесе за среќа во семејството, меѓутоа знаењето за музиката без знаењето на готвењето не вреди многу. Кога вашите ќерки ќе имаат свои семејства , познавањето на музиката нема да постави на трпезата добро подготвен и вкусен оброк. Работата на мајката е света. Работете трпеливо и со љубов

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *