Еве Зошто Е Добро Да Планирате Патување Со Вашата Мајка Еднаш Годишно !

Се сеќавате кога сте биле мали и еден од најдобрите дарови кои сте можеле да и ги дадете на вашата мајка биле некои бесплатни дарееови како рачно изработена книга, масажа, појадок во кревет или една недела миење на садови? Може сега сфаќате дека не бил некој чин многу посебен, но самото внимание од ваша страна ве зближувало заедно. Иако сега сте малку поголеми да купувате беззначајни работи за вашата мајка, сепак тие дела на внимание и минувањето време заедно се најзината топ листа на желби, И еден од најубавите дарови кои можете да и ги дадете на вашата мајка (а истовремено е и дар за вас) е да одите на годишно патување со неа, само вие двете.

Без оглед на тоа дали имате свое семејство или блиски пријатели со кои патувате, можеби вашата мајка не  епрвата личност со која би се решиле да патувате, , но ние ви предлагаме дека би требало. Планирањето на патување еднаш годишно, без оглед на тоа дали е подолго или подалечно, или во близина и пократко – тоа е посебно патување за вас двете да го остварите.

Еве неколку причини зошто е добро да го остварите вашиот сон:

И Обете Ќе Излезете Од Вашата Комфорт Зона 

Спротивно на тоа што имате често посети дома, за кои секогаш мора да бидете одговорни и спремни за пречек, патувањата се нешто што не ве обврзува и ве поттикнува да направите нешта кои дотогаш не сте ги направиле. Да излезете од вашата комфорт зона не е само возбудлив дел од патувањето туку е и добро за зајакнување на вашиот однос.

Кога зборуваме за односот, патувањето овозможува да се запознаете подобро, не во однос на тоа како дете кое сте пораснале во таа куќа, тука сега кога не сте заедно. Плус, здобивањето на нови искуства и новите активности ќе го збогати вашиот однос и ќе имате  многу време да си разговарате.

Забавен Начин Да Си Надоместите

Со животните  и семејни обврски вие се оддалечувате една од друга, убаво е да поминете време заедно и да си надоместите за времето кое не сте заедно и да се поврзете повеќе.

Вие Ќе Создадете Посебни Моменти Кои Траат Доживотно

Патувањето еднаш годишно не е доволно за да бидете поврзани и зближени, но еден начин да имате и доживеете уникатни моменти кои инаку не би ги имале. Сликите и сториите кои ќе ги создадете тогаш заедно ќе ви останата во паметење и што подобро би било од тоа?

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *