Го прашале мажот дали по 10 години брак му здосадила жената. Неговиот одговор го воодушеви интернетот.

Во овој материјален свет каде што постојано се слуша “угоди си прво себе си“ и “прави го она што те прави среќен“ (по секоја цена) навлеговме во култура каде што нашите желби мора да бидат исполнети одма а се што не не прави среќни го отфрламе уште побрзо.

Таквиот менталитет за жал се вовлече и во нашите бракови и изреката “тревата е позелена во туѓиот двор“ се обои во попривлечни бои.

Како што повеќето бракови се почесто завршуваат со развод, јасно е дека денес брачните другари станаа заменлива роба. Ние посакуваме романса, пеперутки во стомакот занемарувајќи го фактот дека вистинската љубов првенствено претставува работа на избор , а не на чувства.

Теологот Džon Piper изјавил: “Верувам дека повеќето брачни парови кои остануваат во брак50, 60 години многу пати се заљубуваат и одљубуваат.  По мое мислење, неразумно е да мислиме дека во текот на своите  60  години брак ќе се чувствуваме исто така заљубено како на почетокот. Лудост е да се мисли така.”

Слично на тоа, блогерот DadMum, откако го прашале дали се чувствува несреќно поради “монотонијата на секојдневието“ бидејќи поминал десет години во брак со иста жена, одлучил реално да го опише својот брак кој опстанува.

Со преку 235,000 делења на Фејсбук, неговите мудри зборови за  “заедничќкиот раст и барање нови причини повторно да се заљубуваме еден во друг” погоди многу брачни парови.

Еве што изјавил:

“Заедно сме скоро 10 години.

Синојка добив порака во која ме прашуваат дали сум незадоволен со монотонијата на секојдневието во долготрајната врска. Дали жената ми здосади и како се приспособив на тоа? Или дали од неа уште очекувам нешто повеќе? Знаете…да биде возбудлива и забавна…

Па еве во што е работата…

По десет години, некако влеговме во колосек. Се нижат деновите, неделите, годините. Но тоа не значи дека ни е досадно. Тоа само значи дека се случуваат многу промени.

Таа повеќе не користи секоја прилика да водиме љубов и не е повеќе таа разуздана тинејџеркакоја ме восхити на журката. Но тоа не ја прави досадна. Тоа само значи дека таа денес им придава поголема важност на обврските и одговорностите кои ги имаме.

Да, може да се замори и денес , но тоа не значи дека не е иста девојка која е жедна за вид на забава што ја има додека се забавува. Колку таа се повеќе има дневни обврски таа е во поголем стрес.

Вие не можете да очекувате вашата врска да остане иста засекогаш. Работите се менуваат. Со текот на времето, вашата бајковита врска доживува конфронтација со реалноста на животот. Ако таа е под стрес, обидете се да земете дел од товарот врз себе. Ако е уморна, нека се одмори. Ако е нервозна, кажете ѝ дека прави одлично, и ако е неизвесна, кажи ја дека ја сакаш повеќе од кога било.

Суштината е во заедничкиот напредок  и раст, како и пронаоѓање секогаш на нови причини да го сакате својот брачен другар.

Но, едно имајте на ум – ни за момент не смеете да помислите дека само до неа стои да се поправат работите и да го направи вашиот брак возбудлив. Не можете да очекувате од неа да се однесува како принцеза ако спрема неа се однесувате како кон роб.

Дајте и до знаење дека ви е важна, дека сте заедно во се. Заедно морате да поработите на тоа да го одржите оганот во својот брак.

И понатаму мислам дека таа е вистинската!”

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *