БЛАГ КОМПИР ИЛИ БАТАТ ЗА ЗДРАВЈЕ!

Благиот компир е здрава намирница дава енергија а не дебелее!
🥔Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана зошто е богат со витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, железо, магнезиум)
Во себе содржи големи количини на бета –каротин.
Овој витамин игра битна улога во одржување на здрава кожа и слузница, зошто делува на клетките во нивните најдлабоки делови .
🥔Бета каротинот го стимулира функционирањето на имунолошкиот систем.Тој е познат антиоксиданс кој е важен за добро функционирање на имунолошкиот систем (помеѓу другото и за превенција од алцхајмерова болест).
🥔Само 140 грама од благиот компир ги обезбедува дневните потреби од витаминот Е, кој е многу важен, зошто штити од срцеви болести и запушување на крвните артерии.
🥔Благиот компир е богат извор на диетални влакна, неопходни за правилно функционирање на метаболизмот, со што се намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево.

Автор: Нутриционист Валентина Глигорова

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *