Не ми кажувај што е Љубов…покажи ми!

Љубов е.. Не ми кажувај што е љубов..Таа не се раскажува , ниту се пишува ..Неа и еден тон хартија не ја собира …Таа не знае да раскаже …Таа живее…И се додека живее , ќе не има и нас… Љубов …Гледам сите пишуваме , и јас исто…Но дали , дали насмевка го краси лицето , или пак воздишки се кинат од градите додека пишуваме ? Љубов …Дали знаеш што е ?… Едноставно е .. Љубов е ..Кога ќе ја затвориш влезната врата од куќата , и ќе ја отвориш вратата од душата , и ќе го разбудиш срцето ..Ќе го исклучиш мобилниот телефон и воопшто нема да ти биде гајле за селфито од некој , за патувањата , сликите , и се она што го зачинува овој виртуелен свет … Кога ќе погледнеш во тие очи , и во нив ќе го пронајдеш сето тоа што ти недостига … Умората од талкање и угодување наоколу ќе ја предадеш во рацете на човекот кој би го дал и последниот здив за тебе .. Џабе ни се сите тие фотографии , кога срцата ни се се ‘ попразни ..Еден свет на фотомонтажа во кој душата плаче …Џабе се сите признанија , награди , дипломи , кога се поретко има прегратки ..Секој ден почнува со рутина , а ноќта заспива со солзи …Денови ,месеци , се ‘ станува навика ..До кога ?… Еден ден ќе бидеме уморни , слаби и немоќни ..Ќе тежат годините , а стрелките на часовникот брзаат ..Брзаат за да не остарат , да не изнемоштат , да не потрошат…Тогаш … Во еден поглед е собран еден живот , од тој поглед ќе разбереш се ‘ ..Во тој поглед животот не живеел..Живеела желбата за напредок , селфи , рутина , навика ..Во тој поглед љубовта одамна ја напуштила таа адреса .. Тој ќе раскаже се ‘ .. Само љубовта не .. Таа ќе стои скриена меѓу редови , онаму каде што најчесто се лепеле воздишките …Немоќни да излезат од душата и да вриштат на сиог глас..Тамо каде што се гушеле во солзи…

Автор:Оливера Ширговска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *